окт
31
2006
Насловот не се однесува за Категориите на блогерај (а би можел), туку за одредени страници на весникот
Вест (
1,
2,
3). Доста често во нивниот саботен број (неделен нема) на интернет ќе го сретнете следново:
"Не постојат статии за рубриката "Култура" за овој број"
Разбирам. Ние сме сиромашна земја во транзиција, со нестабилна економија. Што ќе ни е култура во сабота и недела? Кога сме најмногу слободни и дел од времето можеме да го посветиме на себеизградување како личност, само тоа ни фали, да ги трошиме парите на култура.
Инаку под овој текст доаѓа и нивниот копирајт знак со заканата:
"Секое користење на информации и фотографии од сајтот, без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането."
Ви се молам. Баш се чудам, а што тоа би можела јас да искористам од една празна статија?
окт
30
2006
кликни на сликата да го погледнеш клипот
И после немој некој да кажал дека не е вистина поговорката:
окт
30
2006
Повод. Па има два повода. Постот на волан и неспособноста на новинарите на Вест да создадат нешто ново и интересно.
Написот за локалитетот Габров Рид крај Охрид, познат под работното име Киклопски ѕидини на Филип II (дадено од страната на Паско Кузман) е мојот четврти пост на Блогерај.
Инаку ништо ново ниту ексклузивно не се случило оттогаш. Само две работи.
Првата.
Извесниот новинар Д.Чубриќ кој ги напишал и двете статии за Вест е идиотче од новинарче кое не знае ни самиот од себе да си препише статија и да ја преџвака.
Втората
Паско Кузман во првата статија на Вест чекаше пари, а во втората ги доби.
окт
29
2006
Текстот е публикуван во книгата – В. Димитровска, 2008, Археолошки дневник, Аквариус, Скопје, 111.
Што е вистина, а што реалност?…Наместо дебата јас
напишав еден расказ, но кој како го свати. На крај заклучокот беше дека вистинска е онаа реалност која носи последици, сеедно од каков тип е таа.
Ме бендиса именувањето на бугарскиот блог Jones кој се бави со археологија. Описот на блогот носи наслов:
,,Археологията търси факти… а не истината."
А јас ќе додадам, ама не било какви факти, туку арт-е -факти.
А кога сме веќе кај вистинската реалност се поставува прашањето, дали отсуството на докази е доказ за отсуство? На идентитетот…
Ќе се надоврзам на мојот претходен пост. И овдека прашањето е реторичко. Не морате да го одговорите. Но барем размислете за тоа.