апр 08 2008

Во име на автентичната историја

Published by at 8:35 am under Uncategorized and tagged: , ,

Живееме во време кога секој прави или пишува сопствена историја, па воопшто не би се сложила со изреката на Цицерон ,,Historia magistra vitae est“. Што научи светот од оваа пословица во втората половина на 20 век. Научи да го реконструира своето минато со националистички испади во име на идентитетот. Ја научи историјата како многупати до сега да и упати бакнеж на својата љубовница политиката. Со една доза на деструкција честопати применета во недостаток на попацифистички идеи. Капак на се e информациското доба каде не можат да се контролираат информациите бидејќи нивниот проток е огромен. И тоа во период кога сите луѓе имаат пристап до информацијата, а во исто време и ја ,,произведуваат”.

Јас на вас не треба да ви се допаѓам, ама можам да ви ја напишам вашата историја. Што ќе биде вистина, а што реалност? Во наплив на милиони фалсификувани истории што ќе ви биде помило ,,автентичноста” или вистината? Како нужна колетерална последица на сето ова, прашање е ,,Дали мојата моментална, е и ваша моментална историја?

Во постот е вгнезден видео клипот од ,,Шовинистичка фарса”. Се работи за култната белградска претстава со Предраг Ејдус и Јосиф Татиќ, која на репертоарот била во средината на осумдесеттите години. Подоцна има доживеано и продолженија.

Ама нели историјата ја пишуваше победникот? Или можеби тоа беше пијаниот. :) )

Дополнителни линкови:

Верувале или не: Македонски неолит
Боите на Македонија
Twisted side of the history
„Прво су настале амебе, па Јевреји…“
Коментарите како блого-графити
Патепис од пределите на Мојот Тивок Протест

No responses yet




No Responses to “Во име на автентичната историја”

  1.   anaveno nelogiranon 03 сеп 2010 at 5:29 pm

    е да,не има секакви..
    што е грешно во следново ?..
    Ionian Neolithic..
    during the Neolithic in Greece..

    или некојси Georgia Stratouli има право да тресе зелени на Oddelek za arheologijo, Filozofska fakulteta – Univerza v Ljubljani по тоа семинарите,бидејќи бил “официјално учен”?

  2.   Arwenaon 03 сеп 2010 at 5:29 pm

    Секогаш ќе постои проблемот дека предност за некоја тема или теза (па макар била и погрешна) во однос на обичниот човек ќе ја има ,,научникот”, само поради фактот што има титула. Затоа ми се допаѓаат блоговите каде што секој може да напише своја гледна точка на историјата или за одредена тема. Така повеќе извори може само да создадат одредена слика која е многу блиска до реалната вистина. Како што вели Венко Андоновски во неговата последна колумна ,,Семиотика на шлаканицата”, секогаш ќе важи она пост-модернистичко сваќање за тој кој пишува ангажирано – дајте ми два три-податока и јас ќе ви конструирам вистина.

    Инаку за утешение, сум видела доста ,,очајни” презентации на симпозимуот во Љубљана.

Trackback URI | Comments RSS

Напишете коментар