јан 10 2010

Како и зошто до сопствена платформа, хостинг и сајт

Published by at 5:06 pm under Uncategorized

Ова е мој гостувачки текст на официјалниот блог на компанијата МКХОСТ каде ја хостирам својата wordpress платформа на која паралелно имам неколку сајтови (1234).

Во текстот ги пренесувам моите лични искуства и премрежја низ кои поминав на интернет се додека не почнав да пишувам на сопствена платформа, домен и хостинг. Од моите почетоци на блогирањето кои се поклопуваат со почетоците на платформата за блогирање на он.нет позната како блогерај, па се до сопствена платформа, хостинг и сајт.

Со оглед на тоа што последните неколку години блогирам сама на независен домен и сопствена wordpress платформа, имам огромно искуство како да се справам со сите проблеми кои наидуваат. Предностите да се биде на сопствена платформа и сопствен хостинг се огромни. Имате онолкав простор и месечен сообраќај колку што ќе си закупите и единствена цензура е автоцензурата, a wordpress платформата нуди една раскошна палета од опции по желба на корисникот.

На интернет постои правило – се додека лично не поседувате сопствено виртуелно место, тоа воопшто не е ваше. Доколку сте на некоја туѓа платформа каде блогот/сајтот ви е под наем, вие сте практично кираџија и вашето интернет катче му припаѓа на некој друг. Само еден профил (account) и една орвелова бројка повеќе. И доколку нешто од вашиот профил му се закани како спам на серверот на одредена платформа, тој автоматски ќе ве блокира. Затоа треба пред се да се едуцирате за Новите медиуми, за социјалните мрежи, блоговите, блог платформите, микроблогирањето итн. Што се може да сторите со нив, кои се вашите права, предности и ограничувања. Бидејќи нема веќе идина. Сегашноста им припаѓа ним.

Линк до текстотhttp://ow.ly/1mP93s

4 responses so far




4 Responses to “Како и зошто до сопствена платформа, хостинг и сајт”

  1.   eddie_rebel_84on 10 јан 2010 at 5:18 pm

    Хммм, немам искуство со сопствен домен, но за блогспот можам да кажам дека не се чувствувам воопшто ко кираџија и сум презадоволен. Таму за 2 години сум имал само два ти проблеми. Еднаш се појавуваа кодови не можев да го отворам блогот, но за 10тина часа се оправи, еднаш ме беа пријавиле, но по докажување дека сум човек го тргнаа обвинението (не бев воопшто исклучен или слично). Е сеа не дозволуваат демек порнографија (иако има еден куп такви блогови) такви работи и не баратам баш. Знам дека имаш искуство и на блогер, можеш ли да кажеш шо е конкретно предноста на сопствен хост пред блогспот. Позз

  2.   arwenaon 10 јан 2010 at 5:50 pm

    На google имаш право на една сметка (account) која е поврзана со твојот блог/блогови, picassa, youtube, google wave итн.. Ако серверот на google поради некоја причина пресмета дека нешто од било кој твој профил или мејлот му се заканува на неговиот сервер, а тоа може да биде и не по твоја вина – едноставно ќе те блокира. Со самото тоа ги губиш акаунтите на се што е поврзано со твојот мејл, а ќе се сложиш дека тоа баш и не е така весело. На интернет ќе прочиташ искуства на илјадници луѓе на кои ова им се случило, намерно или како колатерална штета од некоја реакција. Блогспот воопшто не е така сјаен како што изгледа.

    И на блогспот имаш ограничувања како платформа, иако не толку големи. Сепак темите/позадините се со огромен избор, можеш сам да прилагодуваш повеќе од опциите, е сега разликата кога ти е сајтот/блогот на хостинг е тоа што секоја верзија/промена се чува на серверот од хостинг компанијата. Мене тоа ми е на пример многу важно зошто имам илјадници постови и текстови исфрлено во последните 4 години.

    На блогер не знам дали е тоа можно и дали имаат бек ап, а решението го нашле веројатно со опцијата да ти стигнуваат на мејл постовите. Кога имаш сопствена платформа можеш сам кога сакаш фајловите/постовите да си ги снимаш на HDD или да ги праќаш на друг сервер. Сепак несигурноста останува кога не си сам свој човек да решаваш што ќе ти се случи со твојот блог/сајт, изгледот, коментарите и многу други опции!

  3.   eddie_rebel_84on 10 јан 2010 at 6:33 pm

    За акаунт може да си ставиш и резервен мејл со кој може да го отвориш акаунтот но ОК ако ти го избришат акаунтот отиде јабана у прво си, ама пак за сметка на тоа може на еден блог да се стават повеќе автори, пример истиот човек со два гугл акаунта и да се реши проблемот. За пикаса нз дали може така, за Флик може повеќе автори исто и за Јутуб ама не сум сигурен. За зачувување на постовите или по мејл ко шо викаш или мануално да си ги снимаш или на резервен блог на друга платформа. Е сеа се решаваат проблемите ама многу замарање е, особено ако имаш многу постови и си хиперактивен блогер без мн слободно време за фрлање, па сигурно си вреди хостот за парите. Позз

  4.   arwenaon 11 јан 2010 at 12:25 am

    Искрено, дури и јас што сум вљубеник во wp, малку потешко го примам овој начин на блогирање. Сепак ќе мора нешто да се промени во сетинзите/подесувањата како би се олесниле реалните потреби на корисниците на оваа платформа. Не се сите навикнати на wp, а некои верувам дека за прв пат во животот и се сретнуваат со него.

    Инаку треба да се направи разлика помеѓу блог на свој хостинг и блог на блогерај како овој или блогспот. Сепак, имаат различна намена и таргетна група. Понекогаш некои блогови немаат дури ни конкретна цел. :)

Trackback URI | Comments RSS

Напишете коментар