јан 16 2010

Твитај во реално време за да знае светот дека постоиш

Published by at 3:59 pm under интернет, општество

Како и многу пати до сега, минатата година фудбалскиот натпревар Македонија-Шпанија решив да го следам од дома, паралено на телевизија и на интернет. Притоа се  одлучив на една идеја која ја имам подолго време. Бидејќи за сега нема многу активни македонци на твитер (барем јас колку што имам увид), решив на полувреме и на крајот од натпреварот да ги соберам најинтересните твитови и да ги постирам на фејсбук. Целта ми беше да ги заинтересирам луѓето од една страна за твитер, а од друга страна да ги видат можностите на дело на една од најмоќните платформи за микроблогирање.

Резултатот од кој подоцна се разви дебата, а делумно беше инспирација и за текстот Македонија-Шпанија во реално време на IT порталот, се состои во моментот да се искористи сопствениот потенцијал во комуникацијата и блогирањето, а притоа да те чуе (прочита) цел свет.

Увидов дека луѓето не прават разлика помеѓу оние што твитаат  и оние кои пишуваат на одредени социјални мрежи како што е фејсбук.  Претпоставувам дека ќе помине сосема малку време кога ќе сфатат дека било каков коментар да се остави на фб тоа никому ништо не му значи, бидејќи не излегува на пребарувачите зошто се работи за платформа со затворен систем на сервери. Со тоа нечие мислење останува запечатено таму, или обратно …. во отсуство на луѓето во останатиот поактивен дел од интернетот, некој порамнува нечие туѓо мислење со тоа што субјективно го твитнал своето. Излегува дека зборовите на фб се џабе потрошени бидејќи освен  пријателите, нeчии коментари или мислење не стигнува никаде, ниту пак е видливо на  некое друго место.

Фејсбук има свои предноста, иако се почесто е тенденциозно употребуван за нарушување на туѓата интима, која рака на срце корисниците сами ја изложуваат пред јавноста. Но моќта на твитер веќе почна да се заканува и на самиот google во поглед на брзината со која се доставуваат, процесираат и апдејтуваат информациите. Поради тоа, од пред некое време гугл ги вклучи статусите од twitter на својот пребарувач.

Бидејќи претежно ме интересира што во моментов работат светските музеи, институции, археолошки фирми, одредени археолози, некои проекти, или што се случува на терен кај илјадниците археолошки ископувања, помеѓу профилите кои ги следам се и оние на: Grand Pre ArchaeologyNE Asia ArchaeologyArchaeoBoxWessex ArchaeologyDiscovery ChannelSmithsonian InstitutionEnglish HeritageMuseum of Natural History and Archaeology (Нoрвешка) и многу други.

Во последно време се почесто почнав да го користам пребарувачот на твитер (twitter) за работи кои се случуваат во realtime (сегашноста). Примерот со натпреварот Македонија-Шпанија е ситница во споредба со резултатите кои може да се добијат за одредени социјални, општествени или политички настани. Како што е моментално трагедијата настаната од катастрофалниот земјотрес на Хаити. Се разбира дека човек може многу лесно да се изгуби во толку многу концентрирани информации што му стигнуваат секојдневно, па дури и во моментите додека го пишувам овој пост, или додека вие го читате.

@arheoblog

@ it.com.mk: Друштвените медиуми заедно за помош на Хаити

Револуција именувана како твитер стана сериозна закана за медиумите бидејќи го забрза информирањето во светот. Останува избор на корисникот кој од сервисите ќе го користи, но твитер со сите свои придружни сајтови  и сервиси (за апдејти, за слики, видеа итн) е  дефинитивно во предност што побрзо да се слушне нечиј глас, мислење или пак само присуство за постоење.:)

*   *   *

Не живеј пасивно, сподели активно

If I don`t quit off, I will twitt of … or I`ll be damn!! :D

2 responses so far




2 Responses to “Твитај во реално време за да знае светот дека постоиш”

  1.   gjurovskion 16 јан 2010 at 11:36 pm

    Па има и македонски „Твитер“.

    Се вика Микроблогер, мислам дека и ти си таму. Можеме и наши сервиси да користиме, не мора твитер.

    http://www.mikrobloger.com

  2.   arwenaon 18 јан 2010 at 9:11 pm

    @gjurovski

    Секако, корисник сум и на Twitter и на Мikrobloger, но поентата со постот не е во користењето на сервисите за микроблогирање, туку во придобивките кои тие ги носат со својата појава во време кога на интернет секој се бори да си го обезбеди местото во светот со постоење/пишување на некоја од овие мрежи. Оти старата поговорка вели дека – незапишано – неслучено.

    Затоа драги мои блогирајте или твитајте, голбално или локално тоа е директен доказ за културниот ентитет на еден човек, заедница, народ, држава, религија итн.

    Поздрав :)

Trackback URI | Comments RSS

Напишете коментар