фев 04 2010

Коментари – Hash tag #skopje2014

Published by at 11:56 pm under општество

Додека блогерајот беше паднат/недостапен, всушност вистинската реакција за Визуелизација на центарот на Скопје во 2014 се разви на твитер. Доколку се следи hash tagot #skopje2014, ќе најдете многу духовите и ведри коментари на моментално жешкава тема која го преокупираше скоро секој граѓанин на Македонија.

YouTube Preview Image

Веројатно двата твита кои ќе одат во историјата се :

@mgalevski: Најбољa заебанција у 2014 ќе биде се чекаме кај споменикот.#Skopje2014

@flebur#skopje2014 добро е што ќе има коњ пред собрание – да не ја загреши некој шталата :D

12 responses so far




12 Responses to “Коментари – Hash tag #skopje2014”

  1.   arwenaon 04 фев 2010 at 11:58 pm

    Мислам дека до сега има неколку стотина твита, па веројатно за 2-3 часа бројката ќе премине преку 1000. :)

  2.   arwenaon 05 фев 2010 at 12:23 am

    Би сакала да нагласам. Причината поради која сум повеќе наклонета кон твитер, отколку кон блогерај е побрзо (би рекла молњевито) и споделување на информации, но пред се мислење. За кратко време сондажното истражување на одредена тема (означена со хаш таг) ќе ви даде пресек за било какво истражување. Посебно кога се има ситуација како денешната.

    Па, среќно пребарување. :)

  3.   hemicaroton 05 фев 2010 at 1:00 am

    претпоставувам дека tvitter сервисот за микроблогирање е за голем број блогери , барем овде на платформава од блогерајов е едно големо непознато
    досега имам прочитано по коментари /овде на блогерајов , на различити блогови/ голем број на предрасуди за твитерот

    некои се во стилот дека блогерајов , овој на новава платформа заличува на твитер и фејсбук , т.е. социјална мрежа ,

    нешто што е голема невистина ,на тој начин погрешно се идентификуваат платформите , бидејќи блог е една работа , твитер е малку(или малку повеќе) поинаков вид на блогирање , а фејсбук е сосема трета работа

    налетав дури и на коментар каде што еден блогер кажува “не фала , твитер е комуњарско дувло“
    мене лично не ми е јасно како може еден глобален сервис да биде локално дувло

    незнам зашто е тој страв од “социјални“ вмрежувања , дали можеби е во прашање лошиот превод “социјален“ , поточно би било општествен , србите/не ме обвинувајте одма , не сум србоман/го преведуваат терминот social network како друштвени мрежи

    без страв од непознатото мои драги колеги блогери
    јас за релативно кратко време се стекнав со окулу 250 следбеници , а следам окулу 350 твитерџии

    и секогаш сум во тек со настаните

    мало објаснување за следењето
    за разлика од фејсбук , не е потребно некој што сакаш да го следиш-читаш да ти одобри
    /иако постои и таква опција ,минорен е бројот на твитер корисници кои ја употребуваат/
    исто така не е потребно да се одобруваат “пријатели“-следбеници кои ќе те читаат

    значи folower на твитер многу се разликува од frend на фб

    има уште многу работи за кажување , само за тоа друг пат , можеби ќе напишам пост , да не и го узурпирам просторот на arwena премногу

    не чекајте , отворети си твитер сметка

  4.   arwenaon 05 фев 2010 at 11:39 am

    Hemicar

    Некои луѓе го користат твитер за маркетинг, некои за споделување, трети за дружење, а има и такви кои само сакаат да бидат “тука” помеѓу за да го означат своето постоење. Би било убаво да напишеш пост, но не треба да се оптоваруваш со мислењето на луѓето зошто и како твитер. Тамам работа да трошиш време и енергија да се објаснуваш што значат социјалните мрежи. Твитер е дел од (р)еволуцијата на интернетот, до толку што ако гугл не го вклучеше во своите пребарувања, имаше голема можност да го уништи. Одговорот е едноставен. На Веб 2.0 правилото е sharing is carying. Посебно кога е во real time, како на твитер.

    Во секој случај, за сите оние кои имаат отпор во еден свој пост веќе напишав:

    Доколку не оставите траен запис на интернет, во иднината никој нема да знае ниту дека сте постоеле, ниту дека сте создале нешто зад себе. Ако мислите дека друштвените мрежи и твитер треба да одат по ѓаволите и сето тоа е губење на време, немојте да се грижите. Ако вие не ги пронајдете нив, верувајте во најскоро време, тие ќе ве пронајдат вас.

    Ова се некои мои постови на таа тема:

    Твитер и археологијата
    Не живеј пасивно, сподели активно
    Твитај во реално време за да знае светот дека постоиш
    Како револуцијата ќе биде твитувана
    Некои мои размисли …

  5.   arwenaon 05 фев 2010 at 11:39 am

    Фотографии од галеријата #skopje2014 за оние кои сакаат да ги имаат одвоено од видеото. Линк : http://0.mk/d683

  6.   arwenaon 05 фев 2010 at 11:42 am

    Се побрка скроз блогерајот, коментарите воопшто не ги дава по временски редослед. Или ми ги дуплира и место последни ги вметнува некаде во средината, како да сум коментирала вчера. :D

    Јака им душа на оние кои се тука зависници од блогирање. Но кога добро ќе размислам, платформната блогерај уште од своите почетоци во 2005/06 е всушност ваква. :)

  7. [...] паднат/недостапен, всушност вистинската реакција за Визуелизација на центарот на Скопје во 2014 се разви на твитер… @mgalevski: Најбољa заебанција у 2014 [...]

  8.   Бункаon 05 фев 2010 at 9:33 pm

    Самозаљубеноста на индивидуата е најголем непријател на сопственото Јас.

    Стравот од промени е доказ за типична малограѓанштина, што некои ја викаат селачизам, само пробелмот е во тоа што овој сељачизам често е во обратен правец, маскиран во целофан провиден.

    Утре уште некоја мудра ќе добиете на овалот кај што го кркате месото.

  9.   arwenaon 05 фев 2010 at 10:32 pm

    Извини Бунка не разбрав како тоа јас ќе го кркам мес(т)ото? Го знаеш мојот став со години бидејќи е јавен. Се залагам исклучиво за заштита и презентација на македонскот културно наследство и мислам дека тешко ќе ти успее да ме групираш и каталогизираш таму, ваму или онаму.

    И пробам да го сменам дискурсот кон разгледуваниот проблем, просто нема да ми успее. Може најдобро ќе биде кога ќе почнам да се движам надвор од блогерајот и да обележувам траекторија, за да остане нешто позади мене. “Видливо”!

  10.   arwenaon 05 фев 2010 at 10:34 pm

    Патем, поентата на постот е нешто сосема друго. ;)

  11.   ruson 06 фев 2010 at 12:17 pm

    Неколку денови не бев во можност да ја пратам дебатава поради технички проблеми, ништо од блогерајов не ми отвораше. Мој став за сето ова – деновиве се изнаслушав разни коментари – од најпозитивни, до најнегативн, до поделени од типот тоа треба – тоа не, илипак “абе не е се ок, ама барем се гради”. навистина е тешко човек да изгради мислење од една идеја и визија, па мојот коментар е “времето ќе покаже”. Препорачувам да ја прочитате колумната на Гоце Трпковски, уредникот на скопската редакција на Нова Македонија, објавена во пекот. МИслам дека е интересно да ја прочитате. Поздрав

  12.   arwenaon 06 фев 2010 at 4:38 pm

    Фала Rus за препораката. Сосема океј е текстот на Трпковски. Прилично харизматичен. Ми се допадна една реченица, ќе ја цитирам : “Што ќе ни претставува Скопје 2014 најдобро ќе знаеме во 2024 година“. Среќа што работата на археолозите е сврзана претежно со минатото, а не со иднината. Тука сме за да пишувамe за “мртвите”, тоа ни е работа. А верувам и дека многу работа ќе се отвори доколку градејќи ги сите овие архитектонски зданија во центарот на Скопје, се налета на остатоци од минатото. А тоа секако ќе се случи. Поради тоа постои можност некои спомениците од проектот #skopje2014 да не ги бидне брзо, зошто пред градењето ќе мора да претходи археолошко ископување, по закон. А тоа времески трае. Освен ако некој не се обиде да ги заташка информациите. :)

    Поздрав до тебе :)

Trackback URI | Comments RSS

Напишете коментар