фев 10 2010

Ем споменик на културата, ем црква?!

Published by at 1:19 pm under Uncategorized

Не сум задоволна од објаснувањата кои ги добив до сега, но токму поради тоа го пишувам овој пост. За да пробам да го најдам одговорот на едно прашање кое долго време ме мачи. А тоа е: Дали треба да се наплаќа влезница во еден свет храм (кај нас на пример црква) кој е прогласен за споменик на културата, а притоа тој истовремено да е жив? Поточно во него се извршува некаков обред од одредена религија, па макар тоа било и еднаш годишно.

Пример: Божествена Литургија во Св. Спас, Скопје

Според нашиот Закон за заштита на културното наследство, нема ставка или објаснување како се третира одреден споменик на културата кој во исто време е и жива црква. И дали во таквиот споменик кој е ”жив”, треба да се наплаќа влезница.

10 responses so far




10 Responses to “Ем споменик на културата, ем црква?!”

  1.   gersaninaon 10 фев 2010 at 1:53 pm

    Ако е црква, секако дека на верниците не смее да им се наплаќа влез.

    Ако е споменик, музеј, таква работа, треба да се наплаќа влез на туристите, домашните и странски посетители.

    Ако градбата е и тоа и тоа, тогаш може треба на влез да те праша некој:
    -Вие влегувате како верник или како турист, па според тоа да платиш или не.

    (А која е твојата идеја? Сигурна сум дека имаш некоја добра!) :)

  2.   batadjangoon 10 фев 2010 at 2:31 pm

    хе, хе, хе, хе…
    за обред ДВАЈЦА СО ЕДНА карта…така на времето не` пуштаа на стадион кога играше Вардар со Партизан!

  3.   partikon 10 фев 2010 at 2:41 pm

    Во жива црква не би требало да се наплаќа влезница, но од искуство знам дека во оние цркви и манастири во кои се уште државата имаше некакво влијание, се наплаќаше влезница. Така беше во св.Јован Бигорски, св. Богородица Перивлептос, св. Софија, св. Наум, св. Спас… можеби има и други. Во струмичкиот регион не е така.

  4.   arwenaon 10 фев 2010 at 4:12 pm

    @gersanina

    Ова е прашање кое досега не е покреното. Според мене ако една градба има вредност (историска, уметничка, архитектонска …) таа треба да се заштити со закон за следните генерации и следствено на тоа треба да се замрзнат сите дејствија и активности (вклучително и обреди) и да се прогласи за споменик на културата.

    Црквата Св. Спас е типичен пример за извртени вредности во нашето општетство. Еден објект може да биде или споменик или жива црква со ритуали и метании. Трета опција нема!

    Посебна приказна е тоа со влезниците, што кај нас се уште постои деградирање по статус дали си верник или турист, и притоа има секако разлика дали си домашен или странец.

    Во секој случај ова е една мошне интересна тема за јавна дебата.

  5.   arwenaon 10 фев 2010 at 5:26 pm

    @batadjango

    треба да направиш разлика меѓу (об)ред и об(ред). Не е секоја игра во пар – танго. ;)

  6.   alexandroon 10 фев 2010 at 5:32 pm

    Во една католичка катедрала во странство на туристите не им беше дозволен влез во моментот кога во неа се одржува миса.
    Така би требало да се уреди и кај нас – за наши граѓани треба да биде бесплатно, а да се наплаќа само на странци.

  7.   arwenaon 11 фев 2010 at 10:51 am

    Partik,

    дали сакаш да ми кажеш дека ти си повеќе за тоа да ако во некоја црква барем еднаш годишно се држи литургија (што ја прави жива), не треба да се наплаќа влезница? Оти во спротивно, повеќето од спомениците на културата во Македонија кои се цркви ќе треба да бидат бесплатни за домашните и за странските туристи. Инаку, не знам како е решено тоа во Струмица. Никој не говорел на темава до сега колку ми е на мене познато.

  8.   arwenaon 11 фев 2010 at 10:56 am

    Она што ми е на мене интересно е фактот да во Македонија и покрај тоа што некој објект ќе го прогласат за споменик на културата, во него продолжуваат да се одржуваат обреди (пр. венчавки, крштевања, литургија и сл). Дали и колку е тоа валидно, не знам. Еден објект може да биде или верски или споменик. Тука не би трбало да има двојба.

  9.   arwenaon 11 фев 2010 at 10:57 am

    @alexandro

    Дали откако ја исчекавте мисата плативте влезница во катедралата? Живо ме интересира, чисто заради компарација да ни ја објасниш процедурата. :)

  10.   alexandroon 11 фев 2010 at 11:10 am

    За жал не го дочекавме крајот на мисата и го разгледавме само делот каде е беа верниците. Влезот кај нив не беше дозволен.
    Искрено не сум паметен кое е нејдобро решение за ова кај нас. Особено кога си во двојна улога – и како верник и како љубител на уметноста.
    Поздрав! :)

Trackback URI | Comments RSS

Напишете коментар