фев 22 2010
Како се цитира македонски блогер во медиумите
За оние од втората смена кои вчера не успејаа да го прочитаат постот, еве еден од илјадниците примери зошто е умно да се блогира и зошто треба да се внимава на своите коментари. Оти само така може да се направи разлика помеѓу вистината и реалноста. Што е вистина, а што реалност? Реална е онаа вистина која носи последици. Дури тогаш сваќаш дека е вистинита. Мислам на реалноста. Инаку од каде ќе знаеш дека е реалноста вистинита ако ги нема последиците?
Мојата борба да се зачува археолошкиот локалитет Градиште, кај с. Граиште, демирхисарско, беше долга и макотрпна. Почна од мојот сајт, па се префрли на фејсбук и твитер додека не стигна до медиумите. Потоа се направи медиумски притисок и скоро цела недела некаде кон средината на септември 2009 г., а и се уште давам изјави за медиумите. Сагата во која исфрлив најмалку 15 поста да го заштитиме нашето културно наследство се уште не е завршена. Овој прилог е само еден документ како може да се употреби блогот. Ова е воедно и прв пат во еден македонски медиум официјално да се цитира став на еден блогер. Молим лепо, не сум крива што имам таква професија, па јас и блогот служимо и цару и народу.
Поврзани текстови:
- Базна станица на мобилни оператори уништи археолошко наоѓалиште во демирхисарско
- Видео запис од уништениот локалитет Градиште, с.Граиште, Демир Хисар
- Извештај од терен – Увид во оштетувањата на локалитетот Градиште, с. Граиште од страна на мобилните оператори
- Како мобилните оператори ги уништуваат археолошките локалитети во Република Македонија
- За туѓи бели дворови, копај си црни гробови!
- Ничиј багер на ничија земја
Клучни зборови: Василка Димитровска, археологија, културно наследство, уништување, медиуми, Демир Хисар, Македонија, Vasilka Dimitrovska, archaeology, cultural heritage, destroying, media, Demir Hisar, Macedonia









