фев 24 2010

Непристоен предлог

Published by at 10:26 am under култура, општество, политика

Постои една приказна сврзана за големиот склуптор Микеланџело. Кога тој се спремал да го исклеса големиот “Давид“ многу време поминал барајќи мермер кој му одговара. Тој бил свесен дека квалитетите на сировиот материјал ќе ја одредат однапред убавината на неговото дело. Кога го запрашале зошто го прави тоа, одговорил: ,,Знам дека можам да го сменам обликот на каменот, но не можам и неговиот состав”. Затоа секое од неговите дела е ремек-дело и е единствено. Но и да сакал, веројатно дека нема да можел да најде две идентични парчиња на мермер. Дури и да сечел блокови во ист каменолом, пак не би биле еднакви. Слични, можеби да, но не и исти.

Денеска со модерните техники можат да се репродуцираат верни копии на познатите уметници, па така можете било каде, во секое време и во секоја подобро снабдена антикварница да најдете неброени фигури од “Давид”, репродукции на познати слики и копии од Клеопатра. Имитации има многу, но оригиналот – е еден.

Направете експеримент. Земете една слика на Моне и врз неа ставете стакло. Потоа удрете со цврст предмет по стаклото, и инстантно од импресионизам ќе добиете кубизам. Се е исто, а сепак сосема различно.

Ако некој не може да разбере како деконструкцијата дава нов производ (освен ако не е дадаист), тогаш капитализмот тоа најдобро ќе ви го објасни. По правило, се што е различно од претходното, па макар било и варијација на тема, дава нов производ. Производот може веднаш да се продава. Ист е како претходниот, а сепак малку различен. Овој производ е се, само уникатен не. Но е добра основа за масовно производство и заработувачка.

Во таков сооднос се и културните вредности на луѓето кои како жиг ги носат во својот гентски код. Сите ние сме слични, но не и идентични. Минатото може да се користи за да се изгради локален или регионален идентитет. Професијата археолог има чудесни предности. Тоа е единствениот начин да се движите низ глобализацијата која содржи распрчкани пачворк културни елементи кои им припаѓаат на сите, но всушност не припаѓаат никому особено. И да поминете неказнето од толку многу интриги и оптимизирање на културното богатство како општа цивилизациска придобивка, што на крајот главните култури ќе се маргинализираат за сметка на меѓупросторот во кој треба да остварат интеракција.

YouTube Preview Image

Уметниците беа единствените кои многу гласно и јасно го кренаа својот глас против бариерите. Но ете, и тие делумно паднаа па во иднина нема да имаат потреба да докажуваат: Кој настанал прв: идентитетот или човекот? и До каде досегнува нашата гордост?, зошто многу работи ќе натежнат од бремето на археологијата. Но бидете внимателни. Не е остриот јазик на шпаклата и метлата, за сечија ортома.


2 responses so far




2 Responses to “Непристоен предлог”

  1.   lolitaon 24 фев 2010 at 2:43 pm

    Тоа што секогаш ме заплашувало е асимилацијата и екскомуницирањето на индивидуалните идентитети во социјалните средини.

    Порано уметниците од фрагментираната слика на стварноста правеле целини, сека се чувствува дека потребата на општествената машина од бескрупулозен ред на класифицирање поради распознавање и некое скен легитимирање, го групира во препознатливи кодови или доколку не се вклопува го исфрла токму уникатот.

  2.   arwenaon 24 фев 2010 at 3:40 pm

    Lolita,

    Уникатноста е нешто не прави луѓе, а тоа е најважно од се’. Бидејќи вистинското депо за човековите вредности и културните разлики е всушност – мозкот. Телото е само инструмент низ кое отисокот од духот се материјализира во отпечаток кој подоцна научниците го проучуваат. Мiслам дека класифицирањето по бројчиња нема да успее од причина што секој од нас носи уникатен код кој не се мери со математички операции.

    Ќе се сложиш дека е ова непристоен предлог. Не дозволувам да ме направат дел од колективното несвесно, за да можат да управуваат со мене/нас свесно. Трансверот на сопствената културна реализација сакам да го гледам како дел од целината, но целина на која само физички би и припаѓала.

Trackback URI | Comments RSS

Напишете коментар