фев 24 2010
Како се менуваат улиците на Скопје или како булеварот Гоце Делчев преку ноќ стана булевар ВМРО
Постојано ги користам програмите на Google – Google Earth и Google Maps, а доста често пишувам за нивните доусовршувања и надградување на функциите кои веќе ги имаат. Пред некој ден обидувајќи се да лоцирам одредени културно-историски споменици кои ми се потребни заради обликување итинерари за турите со странци кои често ги водам, приметив една нерегуларност на мапата на Скопје. Се работи за случајна или намерна грешка со именувањето на некои булевари кои прават вистинска збрка доколку се обидувате да му објасните на некој странец како да се ориентира околу центарот на Скопје.
За градот Скопје постојат многу мапи, а меѓудругото некои од нив можат да се најдат и на интернет. Најчесто ја користам GPS Skopje, бидејќи можам да пребарувам азбучно и со кирилична поддршка. Имено, целата оваа недоумица ми ја предизвика т.н. булевар ВМРО кој на оваа мапа не постои, но подоцна се појавува во проектите Google Earth и Google Maps.
Еден пасос од архивата на Дневник од 18 март 2006, кој во буквално смисла е пренесен од весникот Вечер на 02.09.2008 (можеби се работи за своевремена изјава од некој одговорен) ни открива дека:
Според надлежните во Градот, последната измена била извршена 1996 година кога биле преименувани 34 улици, 7 булевари и 4 плоштади. Нови имиња добиле повеќе булевари, а булеварот “Маркс и Енгелс” стана ВМРО.
Не знам каде бил претходно бул. Маркс и Енгелс пред да се преименува, ако некој знае т.е. живее/л, нека ме надополни. За да бидам сигурна каде се наоѓа точно бул. ВМРО во нашата сегашност, првото нешто што ми падна на памет е да се јавам во 2-3 такси комании. Тие го лоцираа и ми потврдија дека тоа е топоним кој го користат веќе 5-6 години што ме збуни дополнително.
За да не се прави уште поголема збрка, сегашниот бул ВМРО е всушност дел, една мала етапа од поранешниот бул Даме Груев, т.е. улицата која од Агромеханика во Центар, минува покрај Главната Пошта и завршува до мостот Гоце Делчев. Ако се направи споредба со мапите на Гугл, тогаш постои уште една нерегуларност. Според овие мапи булеварот Гоце Делчев почнува од Партизанска (а не од мостот), па го опфаќа и сегашниот бул. ВМРО, потоа оди преку истоимениот мост и завршува слепо кај Сајмиште. Може да се забележи дека тој одвреме на време на мапите фантомски се менува, па ту е булевар Гоце Делчев, ту булевар ВМРО. Исто така кај Сајмиштето на раскрсницата (тука постои бензинска пумпа) бул. ВМРО повторно се преклопува со бул. Гоце Делчев.
Правната процедура за преименување на улиците не ми е детаљно позната и не знам колку временски може долго да трае, но знам дека една улица или еден булевар не може да носат две имиња. Тоа до сега не се случило никаде во светот, зошто би настанал хаос во сообраќајот. Програмите на Гугл се проекти кои тие ги работат самостојно, во соработка со некоја домашна компанија која им ги дистрибуира информациите. Се прашувам кој е тој што така преку ноќ бул. Гоце Делчев го преименувал во бул. ВМРО и со тоа почнал да ја менува вистинската мапа на Скопје? Постои ли начин да се заштитиме од менување на идентитети, па макар тие биле и на улици?












Извини Архео ама некоја грешка си. Отсекогаш тој булевар си бил ВМРО ама комуњарите и белграѓаните тоа ни го забрануваа . Ехее не мора јас еве да раскажувам ќе се појават еден куп што имаат некој дедо,баба кои морале да трпат секакви окупаторски имиња на улици а сега можат на рааааат , со ќеиф и лезет да се шетаат низ ВМРО avenue..
Туку, кога СДС булевар, ЛП,ДУИ итн..
Арвена,
навистина тоа мало парче од мостот Гоце Делчев до Тифани, порано беше Бул. Маркс и Енгелс, сега незнам како се вика, можеби ВМРО.
Инаку дека со имињава на улиците се е карма каша напраено, тоа е факт.
Например улицата позади Универзална Сала, официјално според таблите на неа и според поштата и личните документи на луѓето кој живеат на неа е Иван Милутиновиќ, а на Гугл е Павле Шатев, 29-ти Ноември е Костурски Херои и т.н., со еден збор расуло.
Немам ништо против од менувањето на имињата на улиците, ама тоа целосни да се направи, заедно со се таблите кои го обележуваат нивното име.
П.С.
Рокс, не се секирај, на сл. избори ќе има и тскви булевари.
Арвена,
навистина тоа мало парче од мостот Гоце Делчев до Тифани, порано беше Бул. Маркс и Енгелс, сега незнам како се вика, можеби ВМРО.
Инаку дека со имињава на улиците се е карма каша напраено, тоа е факт.
Например улицата позади Универзална Сала, официјално според таблите на неа и според поштата и личните документи на луѓето кој живеат на неа е Иван Милутиновиќ, а на Гугл е Павле Шатев, 29-ти Ноември е Костурски Херои и т.н., со еден збор расуло.
Немам ништо против од менувањето на имињата на улиците, ама тоа целосни да се направи, заедно со се таблите кои го обележуваат нивното име, така да нема забуна на која улица живеам или работам.
П.С.
Рокс, не се секирај, на сл. избори ќе има и такви булевари.
@roxx
@toshomachorot
немам политички аспирации кон напишаното, бидејќи сосема случајно се погодија имињата на улиците да бидат револуционерни. Искрено, сеедно ми е дали некој булевар ќе се вика Гоце Делчев или Три воденички. Откако постојат урбани градови, а тоа е 3-от миленум пред н.е. се знае дека една улица може да има само едно име, а не да биде кркамбар.
Инаку toshomachorot, во право си. Денеска пешки го минав тој дел и всушност само едно мало парче, од поранешниот кафич Тифани до мостот Гоце Делчев, е крстено бул. ВМРО. Тогаш останува прашањето што бара на мапите истиот тој булевар во именувањето на асфалтната патека која ја заобиколува бензиската пумпа наспроти Сајмиште.
Arwena, ама сосема ми е јасно и сеедно ми е за кого се работи ..(дали вмро,дал кпј,ској и сл.) прашањето останува , како им успева на тие бирократи кои ете работат и нелегачат да ем сменат/додатат (што и да е) баш ете ново име ем тоа да заврши на гугл карти, по гпс можеби и кај не..:)
Но како што еден нов великан и голем мислител сега скоро кажа , “на луѓето се улиците тие имаат право да си ги менуваат во какво сакаат име…“
тошомачор, хеехех па тоа ме спобудалува еј.. овакви глупости отвараат триумфални капии за какви све не други глупости кои ќе се родат во главите на оние и оние и оние…
Се што сакам да знам е кој им ги дистрибуирал податоците на Google и дали е ова намерна или случајна грешка.
Извесен коментатор со псевдоним Brest во коментарите на сајтот ми оставил линк до една мапа на која има називи на улиците за Скопје и повеќето други градови во Македонија. Мапата судејќи по градот Скопје е многу попрецизна отколку онаа што ја дистрибуира Google. За другите градови можете сами да проверите.
Линк: http://www.openstreetmap.org/
Гугл ги отвори Google Maps за да може да ги едитува секој што може да придонесе да се дополнат. Сега може да се внесуваат и адреси, имиња на фирми, објекти итн. но и да се едитуваат- цртаат улиците вклучително имињата (и уште доста податоци). Има модератори кои ги проверуваат сите внесови (не ме прашувајте кој ги избрал и како), но се уште не знам дали, кога и како измените се појавуваат во актуелните мапи. Неколку измени што јас ги направив (адреса на улицата кај што живеам) е објавена во Google Map Maker, но не и на Google Maps…