фев 26 2010
Атлатл
Човекот е суштество кое нема ниту оштри заби, ниту способност да трча брзо за да се заштити од напаѓачите. Со оглед дека ги нема истите физички квалитети како животните, тогаш што е тоа што го направило супериорен предатор на планетата Земја? Секако, природната способноста да се фрла и убива од далечина.

Луѓето имаат потреба да фрлаат со разни предмети кога се нападнати или кога сакаат да нападнат. На почетокот тоа било со дрва и камења, а подоцна почнале да се употребуваат алатки како што е Атлатл или фрлачот на копја. Според археолошките докази иако првите копја за сега најрано се сретнуваат околу 400 000 год. п.н.е. на локалитетот Schöningen во Германија, атлатлот како техничка направа не почнал да се употребува се до крајот на Леденото доба. Првите наоди доаѓаат од културата Магдалениен, околу 15 000 год. п.н.е. Се сретнуваат и кај палео-индијанските култури и кај Абориџините.
Пред некое време Џаман ме потсети на оваа практика на фрлање дрва и камења кај некои индивидуи со низок коефициент, која е задржана до денешен ден. Можеби како ”антиквитет” од капацитетите што ги поседувале одамна исчезнатите наши предци.
Клучни зборови: atlatl, weapon, paleolithic, distance, killing, атлатл, оружје, палеолит, далечина, убивање










не можам да се согласам со теоријата, чисто интуитивно, иако на дискавери се појавуваат разни документарни програмчиња од гвинеја, амазон, и останато, каде индиџинс пипл
користат некои вакви какички за фрлање, иако не се потпишав кај џам тогаш, еве да се потпишам тука, мислам дека се насочува муабетов на погрешна лента, не прочитав ни кај џам, ни тука… клучна човековата итрина, способност за организација и трикови. значи ум, а ова како алатка е онака, ок, но не може да биде клучно, не можам да се согласам.
таа тема со умот е малку поширочка
.. у видеото е поставено прашањето “која алатка не сјеба како човештво во однос на околината?“, импровизирам сеа од рака .. она марифетите на алатката поголеми и поитри од умот, на долги стази, се разбира .. затоа што првичната предност, па нека биде и дузина милениуми, не значи и предност во однос на дузина и еден милениум .. муабети
ти си сериозен, кога тоа го пишуваш?, широчка или не, текстот е краток, а коментарот сублимиран,
, според тоа што го опишуваше профа.ва овде, таму имаше ќошови, камчиња со тежина, подесувања на должина, како во лабораторија за кинетички маса/забрзување, а чекај, профава зборува логички?, некако, тоа сигурно било така, затоа што, не може да био другчие, но, еве, зошто е прашањето, во различни делови од светот, се развиле разни популации на луѓе, кои практикувале слични техники, а немале блог?
потоа, как го поврзува лакот и стрелата со погрешното човек/природа/едно? атомската бомба, пред ад биде создадена, беше дел од идеит на теоријата, но кога беше создадено и други видоа дека тоа е можно да се направи и го направија, така што, како би ја контроирал имагинацијата би прашал, а тоа не е ум? или?
Знаеш ХулаХопа, со атлатлот може да се допре само еден сегмент од психо-физиочкиот момент на древните луѓе, но тоа дефинитивно не е алатка со која се променил когнитивниот капацитет на луѓето, бидејќи како технолошки пронајдок се појавил многу доцна. Сепак мислам дека темава бара малку поопштирен антрополошки аспект на елаборирање, токму од типот како се случило на различни континенти во слично време да се појави иста или слична алатка. Мада сепак зборуваме за распон од 15 000 год.п.н.е па се до 18 век кај Абориџините.
Инаку се сложувам дека вистинско депо на вредности е всушност човечкиот ум.
забелешка= капацитетите на човековиот ум се докажани, имаат иста невроструктура барем 50.000 години, но и повеќе, ако се оди реверзибилен инженеринг кон назад, така што, бројката која ја посочуваш во години, е дискутабилна, имено, можно е со враќањето во време барем 50.000 години да се земе и да се подигне дете кое ќе научи да сурфа, но ќе трба да се телепортираат ИТ инжинери, електроничари и останати да симулираат рудиментарен систем за да ја покажат идејата на ојов мој пасус.
Луѓето не разбираат една работа, а тоа е дека кога си археолог, ти си всушност антрополог, или да не кажам филозоф на животот. Ниту еден научник не успеал да објасни било што од минатото без оној multiaproach применувајќи ги и анализирајќи ги сите методи. Од денешен аспект ние пробуваме со илјадници методологии и научни пристапи да го објасниме однесувањето на изумрените луѓе, употребувајќи ги стекнатите знаења од етнологијата па се до физиката. И се нешто се трудиме по емпиристички или дедуктивен (когнитивен) пристап да го пронајдеме вистинскиот метод.
Се имало своја причина во минатото како и зошто настанало, па дури и не треба да зачуди фактот ако во remote areas се најдат слични алатки од ист тип на дрво со иста должина и тежина. Природните закони им помогнале на дрвните луѓе да се приспособат кон природата и да земат од неа онолку колку што им треба, нешто што современиот човек се обидува да го узурпира. Древните луѓе нашле начин да се адаптираат на природата. Тие не сакале да го покорат светот, ами да преживеат. И џабе ни се илјадници проучувања, кога заклучокот е многу лесен: Обично најдобриот приод кон сите овие работи е оној наједноставниот. Ама него е човек најтешко да го открие.
ХулаХопа
Првиот Архаичен хомо сапиенс (Archaic Homo sapiens) се појавил околу 500 000 год. п.н.е., а оној чии современи наследници сме и ние, Анатомски модерниот човек, во фосилните записи се појавува во Африка ~ 195,000 г.п.н.е. Атлатлот како алатка/оружје е напознат се до 15 000 г.п.н.е.
Не велам дека атлатлот (технички нешто помеѓу ловечка алатка и оружје) не е софистицирана комбинација од интелектуални капацитети, мудрост, вештина и физичка способност. Но когнитивната еволуција, за сметка на физичката (имено Нендерталците биле прави атлети) се одвивала долг период, па прашање е што правел во меѓувреме човекот со своите капацитети и дали постојат работи помеѓу, кои се уште не му се спознаени на човештвото.
Немаме претстава како му се развивале способностите на човекот зошто постојат дупки во историјата на еволуцијата. Разнородните проучувања се добри бидејќи само така може да се дојде до некоја релативна вистина до која старите цивилизации доаѓале верувам на многу полесен начин отколку целата наша наука. Зошто секое наше истражување започнува со претпоставки, за подоцна да се претвори во екперименти. Ние всушност не докажуваме ништо ново, ама не сме способни да го откриеме правиот пат бидејќи треба да се спуштиме на ниво и перцепција која одамна сме ја надминале. А е многу едноставна и логична. Тука лежи целата цака.
ок ми е непроменетата невроструктура од последните 50,000 години и со тоа когнитивните способности, иако и тука има чепчиња и џебчиња за дискусија .. но општото прифаќање на орудието атлатл поеќе ми изгледа дека има врска со ширењето на алатката и техниката по принципот “мајмунот работи што мајмунот глеа“ и така се усовршела алатката и добивала специфики по гео локација и култури .. општеле тие старите луѓ е и шетале, не биле уседелици ко цивилизираните
..
.. друго пршање е она за дистанцата мешу ловецот и уловот, растојанието при ловот .. со атлатл таа е блиска и околински присна, вибрирачки вметната, додека со лакот и стралата таа постануе поеќе праволиниска и одалечувачка, како од пленот така и од околината .. онака фин муабет лежи у ова прашање, и тоа е она што интелектуално ме узбудило во однос на самото орудие атлатл .. ако би се втурнал у паршањето за умот и тоа време, поеќе ми се допаѓа приказната собирачите на храна кои у кошничката собираат халуцино печурки, шамани кои трансцендираат меѓу светои и племето кое се собира приквечер да раскажуе приказни крај огнот до доцна у ноќта, и да игра, пее и тотемисува .. онака орудијата и алатките се одложени, или коа се у рака тоа е пред се у културолошка функција .. ви викам ја муабети, ама денски, не се праат
шо праеле, па праеле халуцинации, димни завеси, не се замарале со нешо праење, пошо се си имале, природата си давала, они си се служеле, за денес до утре, а не чоече, зимници тука, краставчиња, феферонки, планирање со месеци од напред, шо праеле, се занимавале со опуштениот ум, џвакале тревки, разни корки од дрва, јаделе корења со горчинк и и слад, се смееле, и спиеле, нормално бегале, ако некој ги нападне, но, исто и се организирале, ради се општа безбеднос, но интересно е што, не се замарале со прогрес, а тоа е денес, технолошки човештвото забега, дури и имагинацијата на ес-еф писателите, научниците и останата слободно мислечка екипа, до пред сто години, да го трегнеме Тесла на страна,
, не биле баш до толку далекувидни, повеќе оделе на тепка, па така, нешто се остварило а нешто не, и тука, во оваа комплексна средина имате филозофи како Жижек, се извинувам што го импутирам неговото масивно опусно дело и создавање.. хехе.. кој што не може да ја види иднината, па спремен е се да напише, па можебио, само можеби нешто од тоа што го пишувал ќе се оствари, што е игра на сигурно, а ок се согласувам, паметен е, има капацитет, но и е брутален насочувач, но назад кон темата, арвена е во право, не е едноставно, но ќе се фатам на првиот нејзин пасус, кој мислам дека е фер да се прошири со овие коментари, и нејзини и останати, сепак тоа што го направило супериорен, сметам не е можноста, која ете џаман вика дека е каква таква предност, да убива на далечина, повеќе би пишувал за тоа, што беа моите поенти, но, арвена е археолог, еве, дај да видиме кога се дефинира дека се нарпавени пирамидите по цела јужна и средна америка, онака, едно чисто теоретско апроксимирање, претпоставка, како што љубиш, за што се согласувам, се ова се претпоставки, но, ум, за развој на така сериозен ум.
, како што го има денес човештвото, треба време, а тоа е могу повеќе од 5 до 10 илјади години. тоа е некако чисто логички, еве, дај земи референци кон нешто што е познато, и од кога почнува пишаната историја, па била кинеска, или шо ти ја знам.
така што=
грас..
Џаман,
мислата во минатото понекогаш патувала со брзина која останува непозната до ден денеска. Еве само едне од примерите на релација помеѓу Франција воколу 17 000 г.п.н.е и САД околу 13 500 г.п.н.е. Проблем кој во светски рзмери предизвикува бранување на научната мисла и оддржливоста на информациите кои само спорадично пристигнуваат од минатото.
Материјалната култура е елемент врз кој во голема мера се темели археологијата и како таква е основниот извор на знаење за општествата од минатото и од сегашноста. Но археологијата како наука може да биде сфатена и како знак, стил, идеологија, митологија, друштво, текст, технологија …
Кога ќе се пронајде еден артефакт на археолошко ископување, тој веднаш се документира. Покрај фотографија, обавезно му се земаат должината, ширината и висината. Но сите археолози по ископувањето всушност ја забораваат и четвртата димензија на артефактот. Таа димензија не зборува, но ни покажува каде е местото на тој предмет во долгиот континуум од човештвото и колку може да биде долга човечката меморија. Ако е времето четвртата димензија, тогаш веројатно петтата би била концептот за неговото создавање. Така синтезата на еден археолошки запис ќе се состои од место, време и човек (во 3D). Зад секој предмет стои човек кој го создал. Во отсуство на историски записи, неговите ум и мисли се заробиле во него и оставиле доволно отпечатоци во реалниот свет за да бидат дешифрирани. Но тоа трае прилично долго, и како сме тргначе, ќе трае подолго од создавањето и еволуцијата на човекот.
А она со камчињата, реката и приказните распнати во мрежата од квечерината на некое засолниште може да се испрактикува и во документа презента. Ако има заинтересирани.
документа презента
.. секогаш сум заинтересиран, еве ќе донесам скара и неколку добри приказни ..
Хула Хопа,
треба очигледно почесто да допирам вакви теми, некако се природно поприфатливи, можеби затоа што исто како и во минатото и сега се бориме за опстанок. Само методите се различни. Можеме да се фатиме за првиот пасос, но од моментот на убивањето на животните се до моментот на градењето на пирамидите има многу сиже и сметам дека мислата на тој начин премногу се расчленува и расплинува. Не велам дека моментот кога се измислил атлатлот е оној кога човекот станал супериорен над животните, но тоа е една од работите кои придонеле тој да биде понадмоќен над нив и да може да ги контролира. Сепак убивање од далечина дозволува извесна предност во светот на предаторството. Изнесената констатација е само во однос на видео клипот, а не за човештвото како целина.
Тоа со пирамидите ми е една од љубимите теми која доста често во серијал ја пратам на сајтот. Факт е дека скоро секоја цивилизација, поголема или помала, во различен дел од светот градела пирамиди. И тоа на сличен начин, со слична конструкција и концепција, што не носи во коренот на прашањето, а како може сите да имале иста или приближно иста идеја кога временски и територијално биле толку оддалечени? Или можеби перцепцијата на нашиот 3Д ум мисли дека тие биле оддалечени! Оти растојанието е релативна величина, исто како и смислата на мислата која е основата за архитектура на човековиот ум поврзан со илјадници вмрежени неврони.