фев 28 2010
Мартинки
Во народниот календар на Шопско-Брегалничката етнографска целина, овој празник, речиси секогаш се поврзува со приказната со познатиот мотив за смрзнувањето на бабата, која ги истерала своите кози и јариња на планина да пасат, неплашејќи се од студот. Tаа дури и се подбивала со Сечко: ,,Тиц коза јарина, серам Сечко брадина”.
Пред две години во бројот 22 на весникот од општина Аеродром (стр.8,9) прочитав како градоначалникот на оваа општина за 1 март во училиштата делел мартинки.


Постои верување дека мартинките се бугарски обичај со кој не би се сложила. Мојата баба која дошла по Втората Светска Војна од Егејскиот дел на Македонија (Солун) овој обичај го донела со себе и мојот татко памети како им плетела мартинки за да ги носат на реверот од кошулите или евентуално околу раката. Обичај кој таа го наследила од својата мајка, а таа од својата баба … Мојата мајка исто така како мала памети дека добивала на поклон мартинки од нејзината баба од Тетово или пак посебно носени од Бугарија.
Ме заинтригира еден коментар оставен на еден блог од извесен бугарски читател (за жал повеќе не постои поради менувањето на платформите) кој тврдеше дека мартинките се исклучиво уникатна бугарска традиција. Ова предубедување за бугарското потекло на мартинките пред се е поради фактот што овој стар обичај додека останал жив во Бугарија, бил сосема подзаборавен од граѓаните на Република Македонија и напуштен некаде кон крајот на шеесеттите и почетокот на седумдесеттите години од 20-от век за времето на комунизот кога се забранувале или рестриктирале поголем број од духовните обичаи почитувани на оваа територија со столетија.

Kупувам мартинки пред да појдам на изложбата на Пикасо
Софија, 14 Maj 2009
Но за среќа би рекла дека носењето на мартинките во Бугарија познати како Мартеница, Романците под името Mărţişor го сметаат пак за свој древен обичај кој бил почитуван на територијата на Трансилванија, Бихор, Банат и Добруџа, па се до Молдавија, вклучувајќи ја и неа.
Според одредени верувања ова легенда своите корени ги влече уште од антиката (1,2) иако неоспорен е фактот дека таа била почитувана на целиот Балкан, најисточно вклучително со регионот на Охрид чии траги останеле во помнењето на луѓето за да бидат преточени во песна. Толкувањето на овој празник потекнува оттаму дека Ксантика бил празник на природата, пролетта и цвеќињата, светлината и љубовта, празник на духовноста и убавината, будење на енергијата и почетокот на новиот живот.
Во Благоевградско, Малешево, Пијанец, Осоговија и Lакавица, постои обичај на eден вид на правење амајлии, познати под името ,,мартинки”, a поретко и како ,марти”. Mартинките се прават на тој начин, што се усукуваат две нишки од црвен и бел конец или волнена преѓа и така усукани се ставаат, најчесто околу раката. Кога се носи мартинката, таа не треба да се гледа, односно не треба да ја види сонце – ,,за да не те изгоре сонцето преку лето”.
Постојат различни обичаи при традиционалното подарување на една мартинка. Генрално, таа секогаш е со конци од црвена и бела боја испреплетени или исплетени, од кои црвената ја симболизира боја на крвта, а белата на чистотата. Се подарува на 1-ви Март во чест на Баба Марта и се носи околу рака или закачена на облеката се додека расцвета првото дрво. Потоа се закачува на него со желби за сопственото и за добро здравје на своите блиски во тековната година. Секако дека постојат варијанти на тема, но ова е основата на обичајот.
Би сакала да го слушнам мислењето посебно на повозрасните луѓе кои ја паметат оваа традиција, бидејќи многу малку е останато во записите. Дури и на интернет кога ќе побарате, едвај ви дава по неколку линка за оваа тема, и тоа претежно од нашето совремие.

Мартинки од личната колекција на мојот брат
Цитатите во текстот се превземени од статијата на Зоранчо Малинов, Традицискиот народен календар на Шопско-брегалничката етнографска целина (Скопје: Институт за фолклор “Марко Цепенков”, 2006). Фајлот може да се симне тука.









Здруението Ксантика на 1 март делеше мартинки. Нешто околу мартинките можеби има на нивниот блог.
http://ksantika.blog.mk
Овој интересен обичај, колку што знам, е запазен во цела Македонија и нема врска со Бугарите. Го затекнав како дете и во мојата Преспа идентичен како што е опишан во постот. Мислам дека мартинката се носеше се’ до моментот кога ќе биде забележано доаѓањето на првата ластовичка што всушност значеше доаѓање на пролетта.
Забележан е и во антиката и се надевам дека некој ќе даде повеќе објаснување овие денови кога и се практикува обичајот.
Поздрав Арвена!
Можам да потврдам дека во Костурско го имаше овој обичај. И коку што се сеќавам, мајками, Бог да ја прости, секој први Март ми вржуваше мартинка, иаку живеевме во туѓи земји. По враќањето во Македонија тој обичај го заборавивме, но не поради некои забрани, ами едноставно тука го немаше. Инаку на тој обичај ме потсети Паскал Камбуровски, еден од првитe “антиквизатори”, кој го поврзал обичајот со античкиот празник ксантики…па и некои манифестации имало во театарот Стоби..
Nadzena,
го погледнав блогот на Ксантика, но не им е упдејтуван од поодамна, така да тешко можам да ги најдам информациите за мартинките.
Кога бев дете, мојата мајка ми врзуваше Мартинка, како симбол на доаѓањето на пролетта. Не сите во комунизмот се плашеа и бегаа од старите обичаи
. Ова не е стар, туку древен македонски обичај а корените му се далечни, антички. Истото го правам, со моите синови денес. Впрочем и во македонската народна носија преовладуваат белата и црвената боја. Овие две бои се присутни во целиот македонски фолклор. А ќе го споменам и Александар и неговиот црвен плашт и белата одора. Поздрав.
Од вашите коментари може да излезе уште еден прекрасен текст. Само ве молам не заборавајте да ги кажете/нагласите основните информации како што се временскиот период кога се практикувал овој обичај, од кого и каде (регионот/град/село) …
Ви благодарам
арвена, кога бев мала(крајот на 70-тите и почетокот на 80-тите редовно имав маритинка (кај нас ги викаат мартенички), ама едно ми е мистериозно-никако не знам кој и од каде ги носеше.
И во струмичко се подразбираше да имаш мартеничка во март.
Мама исто така ја раскажуваше прикаската за Марта и Сечко, дека Марта е единствен женски месец и не знае каков чешит да се направи (во смисла на променливоста на времето).
Таа велеше: трс коза планина, серам Сечко брадина!
и Сечко пуштил голем студ и Марта се смрзнала со козите некаде (некако ми е во сеќавање како да има во струмичкиот регион предел каде има камење кои се Марта и козите).
Се си мислам дека мама ја врзуваше мартеничката на некое од дрвјата во дворот.
И мартеничките ги носевме на школо, нема врска комунизмот дека ги забранувал.
Јас не потекнувам од егејскиот дел, а мама ги знаеше тие приказни уште од дете. Сакам да кажам дека веројатно е регионален обичај.
Инаку, од моите пријатели од Бугарија секој 1. Март добивам честитка со текстот: Честита прва пролет.
и мартеничка, се разбира.
Денес мислам дека децата не носат веќе мартенички.
поздрав
…”предубедување за бугарското потекло на мартинките”…- При вас за забранени в края на 70-те години, поради твърдението на титовата пропаганда, че са “бугарски обичай”. Честита Баба Марта!
“…Постои верување дека мартинките се бугарски обичај со кој не би се сложила. Мојата баба која дошла по Втората Светска Војна од Егејскиот дел на Македонија (Солун) овој обичај го донела со себе и мојот татко памети како им плетела мартинки за да ги носат на реверот од кошулите или евентуално околу раката. Обичај кој таа го наследила од својата мајка, а таа од својата баба …”
Това че имало мартенички в Солун демек е доказателство, че не е български обичай, така?
:) Признавам, че толкова “велик” “аргумент” за небългарския произход на обичая не бех чувал
По същата “логика” сигурно и 24 май не е български празник, само защото го празуват и в Одрин (а и в Одеса)!
“…Но за среќа би рекла дека носењето на мартинките во Бугарија познати како Мартеница, Романците под името Mărţişor го сметаат пак за свој древен обичај кој бил почитуван на територијата на Трансилванија, Бихор, Банат и Добруџа, па се до Молдавија, вклучувајќи ја и неа…”
Толкова ли е важна за вас “срекята”, че и в Румъния носят мартеници?
:) Ами ако не носеха?
Немаше никой да е срекен, да?
2 beers – спокојно, не почнала се’ уште третата светска војна.
totobg,
само се обидувам да го лоцирам географски ареал на носењето на мартинките кај македонците, обичај кој делумно престанал да се пректикува во Македонија, иако според сведоштвата на луѓето никогаш не бил напуштен во одредени краеви. За титовата пропаганда не можам да зборувам од сопствено искуство и тука треба да се изјаснат луѓето од тоа време кои знаеле или воопшто не чуле за мартинките. Но ќе се сложиш дека во отсуство на пишани докази, понекогаш блоговите се многу добри етнолошки белешки.
Честита Баба Марта и на тебе
Мартеничките като обичай са преживели не една война и ще преживеят и световната финансова криза. Това първо, второ – срещат се като обичай в Мизия, Тракия и Македония, а също и Влашко и Молдова. В Трансилвания не са толкова популярни и местните ги считат за “Букурещка” приумица
. А къде са популярни в Македония е трудно да се каже, както и къде НЕ са популярни, но за начало прочетете информацията за този обичай в книгата на братя Миладинови озаглавена “Български народни песни”. Там обичаят “Баба Марта” е описан просто прекрасно и съвсем подробно!
2 beers,
во постот најдолу има текст кој го приложив како пдф. Во него може да се забележи дека мартинките, дарувани за време на празникот во делови од Македонија познат како Мартинден, се практикувале одамна. И не само таму. Тоа се просто работи кои ги надминуваат националистичките испади и тлеат во колективното наследство на луѓето со стотици години. Тие се заедничко фолклорно богатство независно кој како ги запишал и на кој начин го сторил тоа. Веројатно ако почнам да трагам, не би ме чудело да пронајдам дека сличен обичај постои и во Кина.
Поздрав
Ако почнеш да “трагаш” че дотрагаш най-много до световноизвестни учени-етнографи и ще разбереш това, което всекое дете в България и Румъния го знае и което и Тото беше любезен да ти обясни. Науката етнография, също така не се занимава с национализъм, но се занимава активно (меко казано) с ЕТНИЧЕСКИ явления, които си имат териториален и времеви обхват.
А че обичаят е много стар и мартенички имало отдавна, кой па спори?? Досега и аз така си мислех
:)
Има и разлики м/у нашите и румънските мартеници. В Румъния го немат мъжкия и женски символ “Пижо и Пенда”, но пък често заедно с белия и червен цвет при тех присъства и синьо.
[...] Коментар на блогерката lepangelina [...]
[...] Коментар на блогерката Fortuna [...]
[...] мојот претходен текст за мартинките, кои го постирав тука, како и апдејтуваната верзија на мојот сајт. Ви [...]
Денеска е 1 Март.
Ако одиме по сите тертипи, тогаш Среќна Баба марта на сите.
Очень рад за этот пост, спасибо