мар 09 2010
ЈАС СУМ МЕДИУМ
Случајот со археолошкиот локалитет Градиште, кај с. Граиште, демирхисарско кога ги употребив сите расположиви нови медиуми за да го спасам од уништување на мобилните оператори, дефинитивно ме исфрли во сферата на активното граѓанско учество како ангажиран археолог. Терет кој воопшто не ми е тешко да го носам после долгогодишното присуство на интернет. Написот на IT.com.mk – Македонски ИТ портал насловен како “Јас, медиум“, уште еднаш потсетува на моќната алатка која ја имаат блогерите во светот на демократијата. Во прилог ќе се обидам да раскажам какви беа реакциите и ефектите од мојата употреба на новите медиуми токму преку примерот со археолошкиот локалитет Градиште.
Јас сум Димитровска Василка, во блогерскиот свет веќе со години позната под псевдонимот Arwena. Мојот блог/сајт Археолошки дневник независно од формите и платформите сите го препознават како Археоблог. По професија сум археолог и сум единствената од мојата фела која пишува на интернет. Создавам уникатни и креативни содржини на македонскиот веб кои не можат да се прочитаат на ниту едно друго место. Се појавувам на конференции, дебати, работилници и одамна веќе го носам теретот на социјално ангажиран археолог. Со своите текстови, изјави и размисли свесна сум дека го обликувам мислењето на многумина. За да ме разликуваш од останатите, прво мора да веруваш во она кое го пишувам. Но за да ми веруваш, мора добро да бидеш информиран. Зошто само добро информиран граѓанин, може да биде активен граѓанин на било кое поле.
Помеѓу другите карактеристики, имам и новинарски квалитети. Имам одлични IT перформанси и високо функционални бесплатни алатки на новите медиуми. Имам канал со пристап до милиони луѓе без да платам даночна стапка. Имам право на свое мислење без да одговорам на ниту едно поставено прашање. Имам слобода на изразување! Не можеш да ме замолчиш, не можеш да ме забраниш, не можеш да ме уништиш. Не можеш ниту да ги избришеш илјадниците линкови кои водат до, и од мојот блог и секојдневнои метастазираат. Моите постови се појавуваат со првиот впишан таг кој е во врска со твоите интереси за археологија и културното наследство и јас ти ги трансферирам информации кои ги бараш.

Јас, Волан и Вуна – дебата со блогери на E-society 2006
Но јас сум исто така некој многу чуден канал. Кога ќе се помножам, поделам и соберам, одеднаш се метаморфозирам во алгоритам кој прави невообичаени интимни односи со интернетот. Згора на тоа ме сакаат пребарувачките алатки и моите постови се појавуваат на првите страници од google.
Сакале или не – ЈАС СУМ МЕДИУМ!
Вака некако би можела од мој аспект да ја дефинирам успешната конференција Јас Медиум, организирана од Фондацијата Метаморфозис, која на 02. и 03. Декември 2009, се одржа во хотелот Holliday Inn во Скопје. По четигодишно следење како публика или како учесник во дебати, би можела да кажам дека ова веројатно беше најдоброто издание на конференцијата E-society, која се одржува веќе петта година по ред во овој период од годината.

Официјалниот наслов на мојата презентација во сесијата Активно граѓанско учество и локална демократија беше “Новите Медиуми – инсомнија во светот на археологијата” (New Media – Cultural heritage prеservation insomnia) во која го образложив случајот со уништувањето на археолошкиот локалитетот Градиште, употребата на алатките од Новите медиуми и какво значење имаат во заштитата и презентацијата на светското културно наследство.
New Media – Cultural heritage prеservation insomnia
На конференцијата појдов за прв пат во јавноста како официјален претставник на Викимедија Македонија, организацијата која е македонскиот локален огранок на Фондацијата Викимедија. Ако не сте слушнале за Викимедија, тогаш сигурно сте слушнале за Википедија, еден од најпознатите продукти на Фондацијата Викимедија. Македонскиот локален огранок, а посебно Македонската Википедија беше една од темите кои предизвика најмногу интерес кај публиката по третата сесија, што ми е особено драго.
New Media – Cultural heritage prеservation insomnia
View more presentations from Vasilka Dimitrovska.
Вториот ден од конференцијата замислен како дебата беше интересен од аспект да се слушнат различни коментари почнувајќи од искуствата на французите како да се подигнуваат пари за проекти, до јазот помеѓу старите/класичните и новите медиуми и валидноста на информациите кои ги трансферираат обата типа на медиуми. Иако беше најавено присуство на повеќе мејнстрим медиуми, за жал никој од нивните претставници не се појави на конференцијата. Classical media at esociety09 fail.
На интернет можат да се прочитаат белешки за првиот ден од конференцијата, да се погледне сет од фотографии, како и коментарите на твитер кои одеа во real time. Од мене едно големо браво до организаторите на конференцијата – Фондацијата Метаморфозис, поддржани овој пат од Француската амбасада и моја благодарност за поканата да учествувам на Е-општество 2009.
И како за крај …
Видео белешка од мојот настап на конференцијата Е-society 2009 (I Media), организирана од Фондацијата Метаморфозис
Holliday Inn, Скопје, 02.12.2009.
Остатокот од приказната ја има тука.
Настапот вклучи монтиран видео материјал, power point презентација и текст.
Our common heritage is our temple of knowledge.
Blog about your cultural heritage and protect it!
Blog for Your Cultural Recognition
Една од причините, можеби најголемата зошто имам сајтови и блогови е токму тоа што не дозволувам некој да ми забранува да говорам или пак некој друг да зборува во мое име, кога имам толку моќен медиум во рацете.
Поентата ми беше дека креирањето на политиката со помош на новите медиуми – тоа сте сите вие. Тоа сме сите ние!












…а јас сум метафизичар!
alek_careca
што се однесува до мене ако сакаш можеш да бидеш и физичар. Не се мешам во ничиј избор.
Во секој случај мојот блог ми служи на мене и на него пишувам кога јас имам што да кажам, а не кога другите сакаат нешто да прочитаат.
Вистински медиум. Всушност најбогатиот и прв медиум од овој домен и квалитет. Непроценлива вредност вложена во интелектуален труд и градење на архива која како никоја друга институција го впишува постоењето на нашарта цивилизација и нова мисла на мапата на светот позната како интернет.
LOLITA,
сите ние сме медиум на свој начин (препознатлив или колективен), и секој блогер има придонес кон создавањето на една архива која детерминира одреден ентитет (културен, политички, религиозен…. ). Во поглед на блогерите и нивниот статус делумно говори и денешниот напис од BBC Macedonian Суперсила- Плус и минус за интернет мрежата.
Истражување: Интернет е основно човеково право.