мар 09 2010
Да не постоеше интернет немаше никогаш да …
Како дел од приказната по повод 20 години од постоењето на Интернетот, македонскиот сервис на BBC почна да пишува одредени статии во кои се вклучија и некои македонските блогери со свои изјави. Интернетот го смени животот на современата цивилизација во приказна со непознат крај и секој од нас има лична причини како дел од колективната шема поради кои ја користи можеби една од најдобите цивилизациски придобивки. Темата ја иницираше Развигор, ја започна Мите, ја отворија Дарко и Марјан со свои постови, а јас продолжувам во сличен стил:
Да не постоеше интернетот:
1. Немаше никогаш да научам да блогирам а со тоа да ги споделувам јавно моите ставови и размисли за културното наследство и археологијата.
2. Немаше да издадам книга со текстови исклучиво напишани онлајн.
3. Немаше никогаш да ги откријам алатките на новите медиуми како уште едно поле во процесот на детектирање, презентирање и заштита на културното наследство, и со тоа и да имам ефект врз јавното мислење на граѓаните.
4. Немаше никогаш да се појавам на телевизија.
5. Немаше да комуницирам со толкав обем и брзина и да запознаам прекрасни луѓе од кои некои ми станаа лични пријатели или професионални соработници.
Да не постоеше интернетот ќе останев само уште еден обичен археолог во морето на непознати и анемични археолози во Македонија чиј глас воопшто не се слуша, а уште помалку се почитува. Во 2.0 светот, посебно во блогосферата едно од непишаните но најважните правила е интерлинкањето. Па ако веќе го правам ова по сите тертипи, тогаш ги повикувам Окиморон, Гершанина, Џаман, Волан и Букарски да кажат што тие би правеле да го немаше интернетот и како тој им го смени животот.
* * * *









[...] не постоеше интернетот ќе останев само уште еден обичен археолог во морето на непознати и анемични археолози во [...]
Da ne postoeshe netot, nemashe никогаш да ја сретнам. Да се заљубам и секогаш со насмевка да се присеќавам на неа. Сега постои интернет, ама несакам повторно да ја сретнам затоа што ке биде плагијат на оригиналот. На она првично, неповторливо тресење на нозете и треперење на гласот.
Да го немаше нетот, никогаш немаше да разберам зошто толку се опејува, воздигнува и боли љубовта.
Да ти ибам нетот. Кој ли го измисли.
ogisinkos,
Да не постоеше интернет ….. немаше никогаш да се викам Arwena, а ти да ‘глумиш’ дека си Ogi Sinko.