мар 17 2010
Прослава – четири години Археоблог
Се наполнија повеќе од четири години, поточно 4 години и една недела откако блогирам на платформата Блогерај. Претходно имав блог на блогспот кој се уште постои, но ми се случи по грешка од незнаење да избришам поголем дел од постовите. Потоа тој блог го преориентирав и на него ги пишувам содржините на англиски.

Официјалното лого на Археоблог made by
Panta Rei
Најмногу во врска со советите за блогирање им благодарам на Развигор и на Panta Rei кој своевремено го направи и официјалното лого на Археоблог. Во меѓувреме издадов книга со он лајн текстови, се појавив на десетици дебати и конференции во врска со културното наследство и археологијата, помрднав некои работи во македонската археологија, давав интервјуа за медиуми и веројатно бев првиот блог кој официјално беше цитиран од еден мејстрим медиум.
Караници по блогосферата, контроверзии, селења на повеќе платформи, едно чудо кодови, паѓање на севрвери, губење на постови, повеќе филијали на Археоблог од кои некои на моите колеги како и на организации кои работат со културното наследство … Сепак издржав и после 4 години сум се уште тука. Им благодарам на сите луѓе кои изминативе години ме читаа, ми коментираа, ме подржуваа, оф лајн ме дружеа, посебно на оние кои березервно ми помагаа, ме советуваа и направија Археоблогот да добие една форма приемчива за секого.
Show must go on …








Честитики за јубилејот.
А јас кога пред три месеци си заминав од Блогерај на Wordpress сите мои 110 тогашни посотви (сега се 120) ги префрлив рачно.
Пост по пост кини, пост по пост нижи.
Ако сакаш квалитет, мораш рачно да работиш.
Ако сакаш квантитет… тешко дека ќе добиеш квалитет.
Арвена,
Искрени честитки за јубилејот со желба и натаму да продолжиш со прекрасната презентација и афирмација на македонското културно – историско наследство.
На општо задоволство…
Честито, држи линија-
Честито, чест е да те имаме тука!
Арвена, алал да ти е. Ова е најдобриот наменски блог што сум го видел по блогерајот, и стварно уживам во секој твој пост.
Честитки и за коректноста во коментирањето.
Нека ти се множат годините на блогерај
Честитки и од мене
Овој блог немаше да биде таков каков што е да не беа и неговите коментатори. Претпоставувам дека блоговите се такви какви што се всушност и нивните сопственици во реалноста. Или барем во дел од неа. Тука сум зошто и јас кога почнував многу луѓе ми помагаа, па и јас помагам колку знам и умеам. Би сакала се што е овдека напишано да остане како општественно добро. Како доказ за едно време, за едни луѓе. Тоа е она кое ме движи напред!
Благодарам на коментарите.
Čestitam ti mali jubilej, u stvari u blogovanju je četiri godine prilično veliki jubilej.
Napred!
О, Златна, за тебе спешли, пакет розе , да ти се множат постови, пријатели, работа, успеси…
но љубов најмногу, секако во пар.
п.ц. Ја сум годиначе, можеби и нешто повеќе оти имам
проблем со времето…хахах
ама многу сакам да одам на прослави кај повозрасни!
поздравче
Фала, фала, се радувам што сум тука помеѓу вас …
Честита годишнина, па ти посакувам повеќе успех и во наредната година со блогот!
… гушкаааааааа … СРЕЌНА СЛАВА
)) … РОДЕНДЕН ДЕ
…
Гушкa до сите, одиме напред …
честитки и од мене…


за убаво и за арно само…
за многу години…
поздрав…
Арвена,честитки за јубилејот
Cheers – that’s why the friends are for? Isn’t it!
http://tinyurl.com/yzu9×7a
честитки! честички!
еј изглеа ја испуштив оваа честитка
каснам .. како беа пијачките, имаше ли нешто за боцкање, она ја сум и по пијачките и по боцкањето, ми идат двете у комбинација .. штета, баш ми криво, знам оти фино сте си поминале .. ај за следната година, јубилејна
појако ќе биде ..
Арвена, се најубаво и продолжи со убавите записи, не се угледувај на мене ..
Џаман,
никогаш не е доцна за честики. Ќе славам цела година четиригодишнина, а догодина ќе почнам да славам петгодишнина.
Честито институцијо! Да ти се множат.
П.С. Дури денес ти го сконтав логото! Свака част!
Поздрав,
Васко.
Благодарам Васко, ми значи твојата поддршка. Инаку логото е стилизирана Мајка-Богинка и голема благодарност до Панта Реи кој ми го изработи уште на самиот почеток кога се појавив на интернет.